Турчинот Халис Оскаја ќе биде главен судија на мечот со Летонија кој в четврток нашата репрезентација ќе го одигра во Скопје.
Станува збор за релативно млад судија, а во последно време има судено на многу меѓународни натпревари. Нам ни е познат зошто ни судеше на пријателските средби со Литванија и Азербејџан во 2012 и во 2018 кога на првата средба победивме со 1:0 а на втората ремизиравме со 1:1.