Екипата на Еурофарм Работник со убедлив пораз се прости од битолчани во ЕХФ Купот. Синоќа во еден исклучително лош меч, Еурофарм Работник беше декласиран од германски Хановер, а по мечот тренерот на тимот, Стевче Алушовски, истакна дека ова е еден тежок пораз.
„Честитки за противникот, се надевам дека ќе се пласира во најсилните осум во ова натпреварување. Што се однесува до мојот тим, навистина ми е многу жал што потрошивме една седмица подготвувајќи се за овој натпревар. Не успеавме да ја играме нашата одбрана, а во нападот го немавме Стјепановиќ, но тоа не треба да се алиби за овој пораз. Сега, ќе се насочиме кон дуелот со Татабања и плеј-офот во домашниот шампионат“, вели Алушовски.