Македонската фудбалска репрезентација, вечерва во Љубљана ќе има голема поддршка од македонските фанови на вториот меч од квалификациите за ЕП 2020. Голем број на навивачки групи во текот на целиот ден се распослани низ градот во очекување на мечот.
Избраниците на Игор Ангеловски ќе имаат силна поддршка од нашата публика сооглед на тоа што најавите се дека ќе има над 1500 наши навивачи.


