Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 на дуелот со Словенија во рамките на 2. коло од квалификациите за ЕП. На гостувањето во Љубљана, нашите фудбалери успеаја да ремизираат со словенечката селекција, која пред мечот важеше за мал фаворит.
Момците на Игор Ангеловски потврдија дека имаат одлична генерација која не се плаши од ниту еден ривал. Одиграа машки и иако примивме гол во првото полувреме од Миха Зајц со кој Словенија отиде на одмор сопредност, на самиот старт на второто полувреме возвративме со голот на Барди за 1:1.
Македонија веќе освои 4 бода во првите два меча во групата и со голем елан ќе го очекува јуни и новите два квалификациски меча во групата.