Атлетико (М) постигнал договор со капитенот на Порто Ектор Ерера и мексиканскиот фудбалер ќе биде првото ново засилување за тимот на Симеоне ова лето. Според шпанска „Марка“, Атлетико и агентот на Ерера се договориле за 5-годишен договор кој ќе бид епотпишан наскоро.
28-годишниот фудбалер имал разговори и со раководството на својот сегашен и на идниот клуб и бил импресиониран од понудата на Симеоне.
Мексиканскиот репрезентативец беше интересен и за Интер и за Рома, затоа што на крајот на сезоната ќе стане слободен играч. Сепак, Атлетико беше најбрз во реакцијата и успеал да го убеди да се пресели кај нив.

