Кошаркарите на Блокотехна обезбедија финале во регионалната БИБЛ лига, откако во првиот полуфинален меч на Ф4 турнирот во Тирана го совладаа тимот на Акаденик Бултекс со 79:74.
Гевгеличани успеаја да ја поправат формата и да дојдат до посакуваното место во финалниот меч, каде за противник го чекаат победникот од вториот полуфинален меч меѓу Теута и екипата на Берое. Мијатовиќ и Главчев денеска не беа во ростерот на Блокотехна, но и без нив гевгелискиот тим покажа дека е подобар од бугарскиот состав.
Најефикасен во победата на Блокотехна беше Младеновиќ со 22 поени. Одлична партија имаше и Пен со 18 поени, додека Глигоревиќ мечот го заврши со 17 поени. Кај Академик најефикасни беа Витковиќ и Бачев со по 16 поени.