Author: saso

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер побарал од управата на тимот да го заштити од можни напади на летниот трансфер период францускиот фдубалер Пол Погба, со тоа што ќе му понуди нов, подобрен договор. Според некои медиуми, Солскјер бара клубот му понуди нов догор на Погба за нови 2 години. Актуелниот договор кој играчот за врска го има со „ѓаволите“ истекува во 2021 година. Како што претходно беше објавено, Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на Погба.

Read More

По ремито со Македонија во Скопје, селекторот на ракометната селекција на Исланд, Гундмундур Гудмундсон истакна дека е зачуден од фактот што неговата репрезентација не добила ниту еден пенал на дуелот во „Борис Трајковски“. „Навистина сум задоволен од тоа како се имплементиравме во тешка ситуација, тимот покажа неверојатна сила и се справи во тешки услови. Игравме на многу тешко место, навистина не е лесно од Македонија да си заминете со бодови. Публиката во оваа земја е звучна и незгодна, а како домаќини им е дозволено да имаат подолги напади. Исто така треба да се потсети дека не добивме ниту еден пенал…

Read More

Кошаркарите на Работнички по пауза од четири години повторно го донесоа Куп трофејот во „Градски Парк“. Вчера Работнички го совлада тимот на Блокотехна во финалето на Купот во Гевгелија и успеа да го освои драгоцениот пехар. Најголемите поддржувачи на тимот, вчера ги пречекаа кошаркарите во Градски Парк за заедно да го прослават освојувањето на трофејот. Работнички со овој трофеј стана единствениот тим кој во својата клупска витрина има десет пехари.

Read More

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, по вчерашното реми со Исланд, вели дека овој нерешен резултат е рамен на победа, затоа што овие два меча со Исланд ни донесоа 3 бода. „Честитки за момците, ова беше уште еден квалитетен меч во неколку дена. Ова не е лош резултат, напротив двомеч од кој дојдовме до три бода. Ако ја видиме ситуацијата пред овие два меча, навистина бевме во лоша ситуација. Сега сме во поволна ситуација, па со две победи на следните две средби ќе бидеме први на табелата и ќе бидеме сигурно пласирани и ќе бидеме во поповолна ситуација на…

Read More
NBA

Милвоки и Хјустон ги декласираа конкурентите во првите средби од четврфиналната серија во НБА плеј-офото. Предводени од Јанис Адетокунбо, Милвоки славеше над Детроит со 121:86, додека Хјустон го декласираше тимот на Јута со 122:90. Главната ѕвезда на тимот на Милвоки, Адетокунбо, помина само 23 минути на паркетот, откако тренерот одлучи да го повлече од игра во последната четвртина кога веќе се беше решено. Младиот кошаркар на тимот од Висконсин средбата ја заврши со 24 поени и фантастични 17 скока. Хјустон, пак, беше уште поубедлив против Јута совладувајќи ја со 122:90. Домашните го диктира атемпото од самиот старт, а предводник во…

Read More

Познатиот италијански фудбалски стратег, Антонио Конте, најверојатно од јуни ќе седне на кормилото на италијанска Рома. Според авторитетниот весник „Ла Република“, првите луѓе на Рома веќе се во преговори со стратегот, кој последен пат работеше на кормилото на Челзи. Во март, Рома го заврши договорот со Еузебио Ди Франческо и на негово место беше доведен Клаудио Раниери, кој има потпишан договор само до крајот на сезоната. Управата веројатно не размислува да ја продолжи соработката со него, па затоа веќе стапи во контакт со Конте, кој се споменува во многу други варијанти за тренер на елитните европски тимови. Претходно, Конте ги…

Read More

Дефанзивецот на ПСЖ, Дани Алвеш, би можел повторно да се врати во Шпанија. Според францускиот венсик „Л’Екип“,  Севиља е заинтересирана да потпише договор со 35-годишниот бек на парискиот тим. Сепак, враќањето на бразилскиот фудбалер во Андалузија ќе биде можно само ако играчот не се согласи со францускиот шампион да го продолжи постоечкиот договор. Оваа сезона, Алавеш учествуваше во 23 натпревари за својот тим, постигна еден ефектен погодок и имаше пет асистенции. Неговиот договор со клубот трае до следното лето, но многумина веруваат дека тој може да добие двегодишен договор со Севиља кој ќе го натера да си замине.

Read More

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе стартува од пол-позицијата на патеката во Шангај, на трката за ГН на Кина, која ќе биде јубилејна – 1000. во историјата на Формула 1. Ботас, кој победи на првата овосезонска трка во Австралија, квалификациите ги заврши со најбрзо време, 1.31,547. Неговиот клупски совозач и победник од Бахреин,Луис Хамилтон е зад него, додека на третата позиција е возачот на Ферари, Себастијан Фетел. Од четвртото место тргнува другиот возач на Ферари Шарл Леклер.

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ќе им даде пауза на некои од неговите стартери на претстојниот натпревар од Серија А против СПАЛ. Јувентус кој е на чекор до нова титула во Италија, нема потреба да форсира дел од стартерите, за тоа што следната недела го чека тежок реванш со Ајакс во ЛШ. „Повеќето од стартерите ќе одмараат. Ќе им дадам шанса за докажување на младите. Може да станеме шампиони и со овој натпревар, но славењето ќе го одложиме за после реваншот со Ајакс. Нема да ризикувам со здравјето на Роналдо. Можеби ќе му дадам одмор и на Бонучи. Манџукиќ и…

Read More

Во недела во рамките од 28. коло од домашното фудбалско првенство, во Скопје ќе се сретнат Вардар и Шкендија. Дерби натпреварот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а неговиот почеток е закажан за 16 часот. Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, и со тоа ќе важат посебни мерки на безбедност. На трибините ќе биде забранет влез на гостински навивачи. Сите гостински симпатизери кои ќе се обидат да влезат на стадионот, ќе бидат вратени, односно нема да им биде дозволен влез на стадионот. Влезниците ќе се купуваат исклучиво со покажување на документ за идентификација (лична карта).…

Read More