Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе стартува од пол-позицијата на патеката во Шангај, на трката за ГН на Кина, која ќе биде јубилејна – 1000. во историјата на Формула 1.
Ботас, кој победи на првата овосезонска трка во Австралија, квалификациите ги заврши со најбрзо време, 1.31,547. Неговиот клупски совозач и победник од Бахреин,Луис Хамилтон е зад него, додека на третата позиција е возачот на Ферари, Себастијан Фетел.
Од четвртото место тргнува другиот возач на Ферари Шарл Леклер.