Во недела во рамките од 28. коло од домашното фудбалско првенство, во Скопје ќе се сретнат Вардар и Шкендија. Дерби натпреварот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а неговиот почеток е закажан за 16 часот.
Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, и со тоа ќе важат посебни мерки на безбедност. На трибините ќе биде забранет влез на гостински навивачи. Сите гостински симпатизери кои ќе се обидат да влезат на стадионот, ќе бидат вратени, односно нема да им биде дозволен влез на стадионот.
Влезниците ќе се купуваат исклучиво со покажување на документ за идентификација (лична карта). Ќе важи принципот една лична карта – една влезница.