Тренерот на Реал (М), Зинедин Зидан и претседателот на клубот Флорентино Перез во никој случај не сакаат да го загубат францускиот дефанзивец Рафаел Варан. По најавите дека тој самиот побарал да си замине на лето, од управата почнале со преговори за нов договор, кој ќе биде со значително зголемена плата.
25-годишниот играч од централната дефанзивна линија ќе добие предлог за зголемување на платата на 9 милиони евра годинишно.
Оваа сезона, Варан одигра 36 натпревари и постигна 2 гола. Според сегашниот договор со Реал тој заработува 6 милиони евра на годишно ниво.