Италијанските гиганти Јувентус, Интер и Милан ги кршат „копјата“ околу потписот на младата ѕвезда на второлигашот Бреша, Сандро Тонали.
Фантастичните настапи на 18-годишниот фудбалер во Серија “Б” го привлекоа интересот на доста сериозни тимови од цела Европа, но најверојатно тој ќе претпочита да остане во својата родна Италија и да го засили некој од големите тимови на Апенините.
Моментно со најголеми шанси да го добијат во своите редови се Јувентус, Интер и Милан, иако неофицијални информации велат дека Јуве е во значителна предност во преговорите.