Поранешниот тренер на Реал и Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, може да ја продолжи кариерата во Серија А. Денешните информации на португалскиот печат велат дека агентот на Мурињо веќе имал два сериозни разговори со шефовите на Рома и Интер, два ривали од Серија А кои подеднакво се обидуваат да го убедат Моу да се пресели кај нив.
Претходно, Мурињо рече дека е подготвен да се врати на работа следната сезона, но ја чека вистинската понуда. Тој веќе беше тренер на Интер во периодот од 2008 до 2010 и освои две шампионски титули, една во Купот на Италија, но ја освои и Лигата на шампионите. За да се врати во клубот од Милано, Жозе е подготвен да направи отстапки, па наместо 10 милиони евра годишно, тој побарал само 8 милиони евра.