Фудбалерот од средниот ред на екипата на Ајакс, Френки де Јонг, ги сподели своите впечатоци од натпреварот со Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Мечот во Амстердам заврши со резултат 1:1 и остави шанси и за двата тима во реваншот да бараат место во полуфиналето.
„Бевме вознемирени откако примивме гол непосредно пред паузата. Но, втората половина ја почнавме одлично и успеавме да израмниме. Игравме добро и штета што не успеавме да постигнеме уште еден гол. Ако играме на истиот начин како во Мадрид, смело, тогаш ќе имаме голема шанса за победа и пласман во следната рунда“, изјавил Де Јонг.