Напаѓачот на екипата на Рома, Патрик Шик, наводно веќе има преговори со првите луѓе на германскиот бундеслигаш Борусија (Д) и следната сезона треба да се пресели во Германија.
Раководството на Борусија одамна го следи чешкиот голгетер и ќе се обиде да го добие ова лето. Шик е дел од Рома од 2017 година, откако дојде во тимот од екипата на Сампдорија.
Во тековната сезона, 23-годишниот фудбалер одигра 29 натпревари во дресот на „волчицата“ и постигна 5 гола.