Манчестер Јунајтед може да си обезбеди пласман во ТОП 3 во Премиер Лигата ако освои 15 бода на преостанатите шест натпревари, изјави менаџерот на “црвените ѓаволи”, Солскјер.
Јунајтед моментално е шести со 61 бод, додека Челзи има 66 бода, а по него се и Тотенхем 64 и Арсенал со 63 бода. Третото место гарантира учеството во групната фаза од Лигата на шампиони следната сезона.
„Потребно ни е што е можно повеќе бодови и сметам дека ако успееме да освоиме 15 поени на преостанатите 6 меча ќе бидеме меѓу првите три. Сега сме фокусирани исклучиво на Вест Хем”, изјави норвешкиот стратег.