Напаѓачот на Атлетико (М), Диего Коста, најверојатно веќе ја зварши сезоната во Ла Лига. Како што тврдат дел од шпанските медиуми, голгетерот ќе добие суспензија од 8 меча поради навредите упатени кон главниот судија на средбата со барселона одиграна во 32. Коло, поради што доби и директен црвен картон.
Зборовите на Коста, кои тој сам ги негираше, се уредно снимени на микрофонот кој го користи судијата, по што дисциплинската комисија нема да има тешка задача да ја констатира неговата вина. Се претпоставува дека Коста ќе добие жестока казна, но исто така и ќе биде продаден ова лето, затоа што и Симеоне не сака повеќе да има проблеми со него.