Кошаркарите на Блокотехна и Работнички се првите патници во полуфиналето на Купот на Македонија чија завршница од денеска е во Гевгелија. Домашниот тим Блокотехна, кој е актуелен освојувач на БИБЛ лигата, во првото четврфинале го декласираше Охрид со 115-68 и со тоа обезбеди место во полуфиналето, каде за противник го чека подобриот од дуелот меѓу Гостивар и Фени И.
Во вториот полуфинален меч сосема очекувано шампионот Работнички немаше тешка задача против Куманово. Момците на Марин Докузовски славеа со 104-80 и со тоа го потврдија местото во утрешното полуфинале. Таму за противник го очекуваат подобриот од дуелот меѓу МЗТ Скопје А. и Кожув.