Некогашниот македонски репрезентативец и голгетер, Филип Ивановски по една полусезона мината во дресот на Беласица, се врати во Финска. Откако во минатата година играше за РОПС, сега е претставен како ново засилување на новиот прволигаш КПВ (Коколан Пало-Веикот).
И официјалната интернет страница ја потврди веста дека Ивановски е веќе договорен со овој тим, и се очекува веќе денеска да се приклучи на својот нов тим.
Ивановски потпиша договор до крајот на годинава.

