Македонската ракометна репрезентација го изненади Исланд и успеа да се радува на гостински терен во 3. коло од квалификациите за ЕП. Нашите ракометари одиграа еден одличен меч и на крајот најдоа начин како да дојдат до победата над „рибарите“.
Капитенот Кире Лазаров, по средбата го прокоментира дуелот изјавувајќи дека сега на реваншот во Скопје в недела не очекува уште потежок меч.
„Уште на првиот собир најавив дека треба да мислиме позитивно и да веруваме затоа што сме се враќале и по многу поголеми и поболни порази. Велам дека Македонија има иднина и квалитет, верувам во тоа, го знам тоа, го гледам. Среќен сум што одигравме еден ваков натпревар, игравме со глава особено во нападот. Сега полесно се дише, но треба да ни биде јасно дека во недела во Скопје ќе биде многу потешко. Исланд не потцени и верувам дека за четири дена ќе видиме еден поинаков противник“, вели капитенот Лазаров по победата над Исланд.