Играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Рамзи, се повреди на вчерашниот меч до ЛЕ против Наполи и најверојатно ја заврши сезоната.
„Ова е мускулна повреда. Ако ништо друго, тогаш ќе пропушти неколку недели. Но, ние имаме други играчи, можеме да направиме ротација. Дали го одигра последниот натпревар за Арсенал сезонава, не знам“, вели менаџерот на Арсенал, Емери.
Договорот на Рамзи со „топџиите“ истекува на крајот од сезоната, по што фудбалерот ќе се пресели во Јувентус како слободен агент.