Ѕвездата на францускиот шампион ПСЖ, Килиан Мбапе, се отвори пред француските медиуми и зборуваше за неговата позиција во дресот на францускиот шампион следната сезона.
“Останувам во Париз”, изјави младиот голгетер по вчерашната прослава на шампионската титула. „Среќен сум што Зидан се враќа во Реал, ќе ги гледам и нувните натпревари како навивач, но засега јас останувам тука“, потврдил Мбапе.
Не е тајна дека 20-годишниот напаѓач е трансфер цел бр. 1 на Реал Мадрид. По враќањето на Зинедин Зидан на чело на кралевите, гласините за евентуален трансфер дополнително се зголемија, но најверојатното сценарио за доаѓањето на Мбапе во Мадрид ќе се реализира следното лето.