Германскиот шампион Баерн Минхен речиси сигурно ќе доведе нов напаѓач во текот на летото, а тоа ги засилува гласините околу неговото име. Во прв ред, германските весници велат дека баварците се загреани за голгетерот на Лајпциг, Тимо Вернер, но од вчера почна да се шпекулира и со името на белгискиот репрезентативец од Манчестер Ј., Ромелу Лукаку.
Фудбалскиот агент Федерико Пасторело го понудил својот клиент во неколку клубови, вклучувајќи го и Баерн. Оваа сезона белгискиот играч има 12 гола во Премиер лигата и не е задоволен од начинот на кој се развива неговата кариера.
25-годишниот Лукаку си го врати местото во првиот тим на Манчестер Ј., но во неколку нарати пред свои блиски потврдил дека сака да ја нпушти Англија, што го става во позиција да се обиде и во германската Бундеслига.