Реал Мадрид сигурно ќе се ослободи од Гарет Бејл на крајот на сезоната, па дури и по цена ако мора да го прати на позајмица, тврдат извори блиски доклубот.
Идејата е природно да се продаде велшкиот интернационалец, но во оваа фаза нема понуди за него, и не е сигурно дека клубот ќе добие некоја понуда според цената која ја бара за него.
Слабата форма на играчот во текот на сезоната конечно ги натера шефовите да одлучат дека деновите на “Бернабеу” за него се завршени, а неговата висока плата, сега преставува сериозен проблем и за негова продажба.
Затоа идејата за познајмување се чини дека е се повеќе веројатна.