И искусниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани е сигурен дека и следната сезона ќе го носи дресот на францускиот првак. Тој вчера изјави дека сака да го исполни својот договор со клубот кој истекува летото 2020 година.
Уругваецот се врати на терените за првпат по 6 март по проблемите со повредите.
„Имам договор тука, што би посакал друго? Ми останува уште една година и сметам да си ги завршам обврските. Добро сум, мирен сум и задоволен од тимот, навивачите, градот … Сепак во фудбалот нема сигурни работи”, изјавил Кавани.

