Црногорскиот претставник во регионалното АБА натпреварување, екипата на Будуќност, ден по поразот во белград во мајсторката со Црвена Звезда се огласи со сооштение во кое вели дека челниците на регионалната лига се виновни што воопшто се одиграл последниот финален натпревар, во ситуација кога требало да се испразни салата или да се одложи мечот за еден ден.
Според подгоричани, услови за игра во салата Александар Николиќ немало, а директни воновници за тоа биле директорот на лигата, Крешимир Новосел и спортскиот директор на лигата, Жарко Чабаркапа.
Според КК Будуќност, АБА лигата по завршувањето на мајсторката во Белград едноставно не постои.