Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат унгарски Пик Сегед на првиот четврфинален меч од Лигата на шампионите. За “вардарци“ мечот дојде во момент кога се решава судбината на клубот, но ракометарите и стручниот штаб велат дека тоа нема да ги поремети во желбите да одиграат уште еден Ф4 турнир.
Тренерот Гарсија Парондо има голем предизвик пред себе, со оглед на тоа што на спротивната страна ќе го има својот поранешен тренер Хуан Карлос Пастор кој одлично го познава.
„Ни недостигаат дел од играчите. Не можеме да го имаме комплетниот ростер на теренот. Сигурно дека ова ќе биде многу тежок натпревар, кој ќе трае долго. Сепак, ние играме пред нашата публика, а со нејзина помош можеме да направиме сè“, изјавил Парондо.
Дуелот се игра вечерва од 20 часот. За се она што ќе се случува во „Јане Сандански“, слушајте во живо и на Спортското радио 90.3 фм.