Кошаркарите на ЛА Клиперс направија вистинско изненадување синоќа победувајќи го шампионот Голден Стејт на гостински терен со 129:121 и со тоа намалувајќи на 3:2 во серијата „подобар до 4“ во првата рунда од плеј-офот.
И покрај 45-те поенина Кевин Дјурант, „воините“ не успеаја да ја искористат предноста на домашниот терен. Кај ЛА Клиперс Лу Вилијамс постигна 33 поени со 10 асистенции, додека патрик беверли со 17 поени и 14 скока бее вториот со дабл-дабл ефект. Одличен беше и Данило Галинари со 26 поени.
Во вториот меч синоќа Хјустон славеше дома над Јута со 100:93 и со 4:1 во серијата веќе обезбеди конференциско полуфинале.