Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд го коментираше поразот од Манчестер Сити синоќа, истакнувајќи дека навивачите на Јунајтед треба да бидат свесни дека битката за ТОП 4 е загубена.
„Ние не играме како Манчестер Јунајтед. Да работиме и да дадеме 100% од себе е минимум од она што треба да го направиме. Знаеме што е нашиот проблем. Поентата е психологијата и подготвеноста да се борите за вашиот тим. Сега треба да заборавиме на ТОП 4 и борбата за Лигата на шампионите. Мораме да почнеме да играме како Манчестер Јунајтед, за наше добро“, изјавил Рашфорд.