Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по вчерашниот меч со екипата на Манчестер Сити и поразот од 2:0 изјави дека неговиот тим реално загуби од подобар противник.
„Реагиравме на поразот кај Евертон, но овој пат загубивме од тим кој беше подобар од нас. Ја видов реакцијата. Момците се обидоа, но тоа не беше доволно. Постои разлика во класа. Затоа, противникот е на врвот на табелата, и ние сме каде сме. Живеејќи во Манчестер не можеме да бидеме среќни за тоа. Ова лето ќе имаме голема работа да ја намалиме таа празнина меѓу нас и градскиот ривал“, изјави Солскјер.