Кошаркарите на Денвер Нагетс победија во четвртиот меч од полуфиналната серија на Западот и тоа на гости кај Портланд со 116:112 со што успеаја да ја израмнат серијата на 2:2 и да внесат нова неизвесност во пресметката. Србинот Никола Јокиќ имаше свој четврти „трипл-дабл“ во плеј-офот и заедно со Мареј беше најзаслужниот за триумфот на Нагетс. Јокиќ средбата ја заврши со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции. Сепак, епитетот лидер во победата на гостите го заслужи Џамал Мареј, кој во драматичниот финиш реализираше шест последователни слободни фрлања и имаше 100% реализација од линијата што беше пресудно за победата. Плејмејкерот…
Author: saso
Тренерот на Реал (М), Зинедин Зидан одбил да ја коментира ситуацијата со Герет Бејл, кој беше надвор од тмиот во вчерашната победа на Реал над Виљареал од 3-2 во Ла Лига. Шпекулациите за иднината на Велшанецот се постојано во меидумите, а неиграњето на Бејл вчера само ги разгоре истите. „Јас сум тренер и го правам мојот избор, така што ситуацијата е таа што е. Можете да го протолкувате она што се случи така како што сакате. Сепак, јас од свои причини и визии го бирам тимот“, изјавил Французинот. „Важно е дека игравме подобро од нашиот последен натпревар. Не сакам да…
Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, инсистира во клубот ова лето да бидат доведени тројца нови играчи. Според шпанските весници, меси им посочил на првите луѓе на клубот дека Барса има потреба од нов фудбалер во сите три линии. Според Меси, Барса треба да поработи на ангажман на одличниот голман на Ајакс, Онана, затоа што Силесен треба да ја напушти Барселона. Во одбраната препорачал да се донесе Матијас де Лигт од Ајакс, а меѓу напаѓачите би сакал да го види за свој соиграч Лука Јовиќ од Ајнтрахт или Ирвинг Лозано од ПСВ.
Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, го сподели своето мислење за промена на форматот на Лигата на шампионите кој се подготвува во соработка меѓу УЕФА и Асоцијацијата на европските фудбалски клубови. „Играме многу натпревари во Лигата на шампионите, но не против тимови како Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Ова ги прави таквите игри посебни, но ова е погрешно. Фановите сакаат да видат повеќе вакви овие натпревари, а од 2024 година тоа ќе го имаме со новиот формат. Никој не зборува за затворена лига за најбогатите. Тоа ќе биде еволуција, а не револуција во Лигата на шампионите, а ние ќе го смениме…
Македонскиот ракометен шампион Вардар, вечерва (19 ч.) во Унгарија е пред голем испит. Во трката за трето последователно учество на финалниот турнир од Лигата на шампионите, момците на Парондо на гостувањето кај Пик Сегед ќе ја бранат предноста од 8 гола обезбедена на првиот меч во Скопје. „Вардарци“ уште од петокот се во Сегедин, а вчера го одработија и последниот тренинг пред возвратниот четвртфинален дуел против унгарскиот шампион. Во опуштена атмосфера момците на Роберто Гарсија Парондо се надеваат на реприза на скопската партија која ќе им обезбеди виза за Келн. Денеска веќе стана познат и списокот на ракометарите со кој…
Италијанскиот шампион Јувентус ова лето има шест трансфер цели. Весникот „Тутоспорт“ објави дек аво клубот посакуваат неколку сериозни засилувања, на кои се работи извесен период. Спортскиот директор на „бјанконерите“, Фабио Паратичи составил листата на посакувани играчи на која се најдоа Адриен Рабио (ПСЖ), Ндомбеле (Лион), Иско (Реал), Пол Погба (манчестер Ј.), Хамес Родригез (Реал) и Де Лигт (Ајакс). Интересно е што дури пет од овие шест имиња се фудбалери за врска.
Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино ќе го пропушти претстојниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона на „Енфилд“. Веста ја потврди вчера на прес-конференцијата по средбата со Њукасл, менаџерот Јирген Клоп. „Тој нема да биде подготвен за натпреварот во вторник, а за последниот меч од ЛШ останува да видиме“, рече Клоп. Бразилецот ја пропушти победата на Ливерпул со 3:2 при посетата на Њукасл поради повреда во мускулот.
Давид де Хеа се уште го нема продолжено договорот со Манчестер Ј., а од управата на англискиот тим полека го губат трпението. Новиот понуден договор со плата од 350.000 фунти неделно Де Хеа се уште го нема прифатено, а од „Олд Трафорд“ чекаат само уште една недела на негов одговор. Раководството на Јунајтед му соопштило на својот прв голман дека треба да ја донесе конечната одлука до крајот на следната недела, односно до финишот на сезоната во Премиер лигата. Шпекулациите се дека Де Хеа има богата понуда од ПСЖ, а Јунајтед не би му пречел да ја оствари желбата за…
Болтон Вандерерс ќе го одигра последниот натпревар од сезоната во Чемпионшип дивизијата против Нотингам, откако играчите се согласија на овој чекор, соопшти Фудбалската лига на Англија. Натпреварот беше доведена во прашање откако претходната средба со Брентфорд минатиот викенд беше откажана поради бојкот на играчите кои си ги бараат платите. Англиската Фудбалска лигата денеска ќе се собере, за да одлучи како ќе биде регистриран одложениот меч со Брентфорд. Правилата велат дека одложениот натпревар може да се закаже најдоцна четири дена по завршувањето на регуларната сезона, кој е на 5-ти мај.
Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, имаше уште едно неверојатно шоу во Лигата на шампионите, откако вчера постигна два гола и стигна до неверојатна бројка од 600 гола за каталонците. Лео првиот гол го постигна пред 14 години против Албасете, а најмногу голови има постигнато против Севиља – 36. Во големите пресметки против лутиот ривал Реал (М) има постигнато 26 гола. Од овие 600 погодоци, Меси има 417 гола во првенството, 112 во Лигата на Шампионите, 50 во Купот на Шпанија, 13 во Суперкупот на Шпанија, 3 во Суперкупот на УЕФА и 5 на светското клупско првенство.
