Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, имаше уште едно неверојатно шоу во Лигата на шампионите, откако вчера постигна два гола и стигна до неверојатна бројка од 600 гола за каталонците.
Лео првиот гол го постигна пред 14 години против Албасете, а најмногу голови има постигнато против Севиља – 36. Во големите пресметки против лутиот ривал Реал (М) има постигнато 26 гола.
Од овие 600 погодоци, Меси има 417 гола во првенството, 112 во Лигата на Шампионите, 50 во Купот на Шпанија, 13 во Суперкупот на Шпанија, 3 во Суперкупот на УЕФА и 5 на светското клупско првенство.