Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино ќе го пропушти претстојниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона на „Енфилд“. Веста ја потврди вчера на прес-конференцијата по средбата со Њукасл, менаџерот Јирген Клоп.
„Тој нема да биде подготвен за натпреварот во вторник, а за последниот меч од ЛШ останува да видиме“, рече Клоп.
Бразилецот ја пропушти победата на Ливерпул со 3:2 при посетата на Њукасл поради повреда во мускулот.