Давид де Хеа се уште го нема продолжено договорот со Манчестер Ј., а од управата на англискиот тим полека го губат трпението. Новиот понуден договор со плата од 350.000 фунти неделно Де Хеа се уште го нема прифатено, а од „Олд Трафорд“ чекаат само уште една недела на негов одговор.
Раководството на Јунајтед му соопштило на својот прв голман дека треба да ја донесе конечната одлука до крајот на следната недела, односно до финишот на сезоната во Премиер лигата. Шпекулациите се дека Де Хеа има богата понуда од ПСЖ, а Јунајтед не би му пречел да ја оствари желбата за трансфер бидејќи следното лето ќе треба да му дозволи да си замине без отштета.