Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, инсистира во клубот ова лето да бидат доведени тројца нови играчи. Според шпанските весници, меси им посочил на првите луѓе на клубот дека Барса има потреба од нов фудбалер во сите три линии.
Според Меси, Барса треба да поработи на ангажман на одличниот голман на Ајакс, Онана, затоа што Силесен треба да ја напушти Барселона. Во одбраната препорачал да се донесе Матијас де Лигт од Ајакс, а меѓу напаѓачите би сакал да го види за свој соиграч Лука Јовиќ од Ајнтрахт или Ирвинг Лозано од ПСВ.