Кошаркарите на Денвер Нагетс победија во четвртиот меч од полуфиналната серија на Западот и тоа на гости кај Портланд со 116:112 со што успеаја да ја израмнат серијата на 2:2 и да внесат нова неизвесност во пресметката.
Србинот Никола Јокиќ имаше свој четврти „трипл-дабл“ во плеј-офот и заедно со Мареј беше најзаслужниот за триумфот на Нагетс. Јокиќ средбата ја заврши со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции.
Сепак, епитетот лидер во победата на гостите го заслужи Џамал Мареј, кој во драматичниот финиш реализираше шест последователни слободни фрлања и имаше 100% реализација од линијата што беше пресудно за победата. Плејмејкерот на крајот финишираше со 34 поени, 5 скока и 4 асистенции.
Петтиот меч е на програмата во ноќта меѓу вторник и среда, а сега домаќин повторно е Денвер.