Менаџерот на Манчестер Ј., Оле Гунар Солскјер, изрази уверување дека тој и понатаму останува најдобрата опција за преднодник на „црвените ѓаволи“.
Поразот од Евертон со 4:0 донесе многу критики за играчите, раководството и менаџерот.
„Уверен сум во мојата позиција. Подготвен сум за овој предизвик. Знам дека задачата ќе биде тешка, но затоа ја прифатив“, вели Норвежанецот во интервју.
„Не сакам да губам, но тоа е голем предизвик. Кога резултатите се лоши треба да имаме самодоверба да излеземе и да кажеме дека тоа е патот по кој ќе одиме. Размислуваме за иднината“, дополни тој.