Реал Мадрид оствариl разговори со играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, а фудбалерот наводно ги прифатил личните услови од понудениот договор.
Според шпанскиот весник „Ас“, двете страни се согласиле за условите на договорот, според кој платата на Данецот ќе се зголеми значително во споредба со сегашната. Сега „Кралскиот клуб“ ќе разговара за можниот трансфер со менаџментот на Тотенхем.
Претходно беше објавено дека во лондонскиот клуб се уверени во продолжувањето на договорот со 27-годишниот играч од средниот ред.