Селекторот на женската сениорска кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, денеска излезе со списокот на кошаркарки на чии услуги ќе смета на претстојниот пријателски двомеч против соодветната репрезентација на Србија. На спосокот на Лазовски се најдоа 23 кошаркарки, кои треба да се појават на првиот тренинг во СЦ Јане Сандански, на 2 мај во четврток со почеток во 20:00 часот.
Натпреварите против Србија ќе се одиграат на 9 и на 10 мај.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ
- Анџелика Митрашиновиќ
- Ивона Пејковска
- Александра Стојановска
- Нена Трајчевска
- Јелена Антиќ
- Илина Селцова
- Софија Лазареска
- Наталија Секуловска
- Ивана Кметовска
- Матеа Николиќ
- Ванеса Василевска
- Ивона Кожобашиовска
- Драгана Јоловиќ
- Јована Петрушевска
- Габриела Модева
- Ива Крстевска
- Ема Никочевиќ
- Кристина Тодевска
- Катерина Поп-Димитровска
- Кристина Јаневска
- Сара Анастасијеска
- Криси Гивенс
- Дјуана Бонер