Подготвувајќи го новиот тим за следната сезона, управата на Манчестер Јунајтед има намера да се обиде да го купи дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали. Италијанската државна телевизија објави дека „црвените ѓаволи“ се сериозни во намерите да преговараат со Наполи за играчот, па дури се подготвени и да извадат над 100 милиони евра за него.
Оваа сезона Кулибали на 44 натпревари успеа да реализира и 2 гола и 2 асистенции за својот тим. Наполи најави дека за него ќе бара многу пари, а сумата која се споменува како можност за негова слобода е 130 милиони евра.