Голманот на Порто, Икер Касиљас доживеал срцев удар на тренинг!
На 37-годишниот чувар на мрежата му се слошило на тренинг, по што бил итно пренесен во болница, каде е направена интервенција. Тој се пожалил дека не се чувствува добро, а правовремената реакција на клупските доктори, по која веднаш бил хоспитализиран му го спасиле животот.
Касиљас се чувствува добро, а од клубот истакнаа дека проблемот со срцето е решен.