Не е тајна дека раководството на Рома ќе се обиде да привлече Антонио Конте за тренер на тимот, но прашање е дали двете страни ќе најдат заеднички јазик при преговорите.
Според информациите, Римјанитему понудиле годишна плата во износ од 9,5 милиони евра, што е помалку од она што тој го добиваше во Јувентус и Челзи. Денеска Конте налетал на италијански новинари, кои веднаш го прашале за понудата на „волчицата“.
Конте кусо изјавил: “Ќе видиме, ќе видиме”.