По новиот дебакл и елиминацијата во Лигата на шампионите, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде повторно е под притисок за отказ. Според весникот „АС“, раководството на клубот повторно ќе расправа дали да му даде шанса и следната сезона, или ќе му се заблагодари за услугите ова лето.
Претседателот на клубот, Хозе Марија Бартомеу, даде јасен знак дека ова понижување не е по негов вкус и ќе има сериозна дискусија меѓу првите луѓе на клубот за тоа што да се прави со тренерот. Веројатно неговата иднина ќе биде решена по финалето на шпанскиот куп.
„Претпоставувам дека има доста објаснувања зошто ова се случи. Но сакам да се запознаам со нив на мир. Ќе има доволно време да ги разговараме сите работи и да дејствуваме. Сигурно ќе има сериозна дискусија во раководството на оваа тема“, изјави претседателот на Барселона.