Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, беше исклучително разочаран по вчерашниот тежок пораз од Ливерпул и елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите.
„Најмногу боли тоа што се повтори кошмарот од Рим со Рома. Втора година по ред да загубиш на ист начит е тешко да се живее со таков шамар. Сите очекуваат постојано да победуваме. Кога ќе загубиме, секогаш е многу болно. Досега не губевме во Лигата на Шампионите, но работите се такви“, рече Валверде по мечот.