Ливерпул е заинтересиран да го донесе на „Енфилд“ младиот бразилски напаѓач од екипата на Реал Мадрид, Виничиус. Според информациите на шпанските медиуми, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не смета на него за следната сезона, што е одлична причина за Јирген Клоп да се обиде да го доведе во Англија. Виничиус не би сакал цела сезона да биде резерва во Мадрид, па ќе инсистира на позајмица. Тој наскоро треба да има состанок со Зидан и претседателот на клубот Флорентино Перез за да разговара за неговата улога во тимот. Ливерпул има намера да му понуди важна улога на Виничиус, но прашање…
Author: saso
Кошаркарите на Милвоки славеа со 108:100 во првиот финален меч од серијата во Источната конференција на домашен терен против екипата на Торонто. Иако гостите имаа одличен меч иводеа скоро три четвртини, не успеаја да ја задржат свежината и потклекнаа во последните 12 минути од мечот. Брук Лопез беше човекот кој го поведе Милвоки до победа. Дојде до 29 поени до крајот на мечот и реализираше неколку клучни шутеви за победа. Адетокумбо постигна 24 поени во триумфот на домашните, додека Миротиќ имаше 13. Репторс го имаа Ленард со 31 поен и Ловри со 30, но ќе мора да го почекаат вториот…
Заминувањето на ракометарите на Вардар продолжува. Најновата информација вели дека и резервистот Дмитри Кисељев си најде нов клуб. Десниот бек на Вардар веќе се договорил со екипата на Чеховски Медведи. За услугите на 24-годишниот ракометар заинтересиран бил и белорускиот првак Мешков Брест, но Кисељев се одлучил да се врати дома.
Напаѓачот на Баер (Л) Џулијан Бранд може да го напушти клубот ова лето и да се пресели во некои од водечките европски тимови. Шпекулациите го сместуваат во дресот на Ливерпул, кој веќе имал прва рунда преговори со неговиот агент. 23-годишниот фудбалер е исто така интересен и за Борусија (Д) која е подготвена да плати сума од 25 милиони евра за неговиот потпис. Во медиумите се шпекулира и со имињата на Баерн, Јувентус, Реал и Атлетико кои наводно се интересираат за него. Самиот играч изјави дека е среќен во Баер и сака да продолжи да игра за овој клуб, но неговата…
Новак Ѓоковиќ вчера по третпат во својата кариера го освои Мастерсот од серијата 1000 во Мадрид, а веќе од денеска тргнува во поход на уште еден трофеј. Најдобриот светски рекет вчера изјави дека е презадоволен од настапот во Мадрид и се надева дека победничката серија ќе ја продолжи и во италијанската престолнина. „Многу сум задоволен. По полуфиналето реков дека оваа победа е многу важна за самодовербата. Циципас е многу талентиран. Тој го елиминираше Рафа Надал. Тој направи неверојатна недела, а за мене ова е голема победа. Сега навистина сакам да ја продолжам победничката серијата во Рим“, изјавил Србинот.
Кавај Ленард погоди со звукот на сирената и го однесе торонто во полуфиналето на плеј-офот во НБА лигата во „мајсторката“ одиграна рано утринава во Торонто. Репторс дојдоа до четвртата победа и му се приклучија на Милвоки во конференциското финале на Истокот. Торонто славеше над Филаделфија со 92:90 во меч со многу неизвесност до самиот крај. Пред победничкиот шут на Ленард, Џими Батлер положи за израмнување на 4,2 секунди пред крајот на средбата. Торонто на тајм-аутот подготви акција за Ленард, кој со дриблинг си избори простор за шут од самиот агол на теренот и успеа да погоди. Ленард сам го однесе…
Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, објави дека ја донел одлуката за својата иднина во клубот уште пред неколку недели и го информирал тимот за тоа. Сезоната за “сините” заврши и тимот заврши на третото место во Премиер лигата, но пред нив има и финале во Лигата на Европа. „Да, ја донесов одлуката за мојата иднина. Се уште чекам да видиме како ќе се развива ситуацијата. Кажав во клубот што мислам по ова прашање уште пред неколку недели. Тоа сепак се работи кои не зависат само од мене”, изјавил Белгиецот по завршувањето на сезоната во Премиер лигата. Неговото име деновиве…
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, по поразот од Рома во дербито на колото во Серија А зборуваше за идните планови. „Како и секоја година, мораме да седнеме и да најдеме начин како да го подобриме тимот. Ова беше силна сезона, го освоивме првенството, но не успеавмево Лигата на шампионите. Стигнавме до четвртфиналето без пет клучни играчи и го плативме данокот. Поентата не е дека оние кои ги замениле не успеале, но моравме редовно да ги користиме истите играчи, и тие на крајот се заморија. Имав јасна идеја во мојата глава за тоа што треба да направиме од октомври. Ние не…
По синоќешниот пораз од екипата на Лион со 3:0 на домашен терен, голгетерот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели им се нафрли на судиите. Тој по средбата го нарече судењето во Франција – ужасно! „Судиите во Франција се најлоши. Вие го знаете тоа. Судиите во Франција се едноставно ужасни!“, изјавил Балотели пред новинарите на излегување од теренот. Mario Balotelli tonight: “The referees in France are the worst. You know it. The referees in France are horrible.” (J+1) pic.twitter.com/LCTJu7t3Qf — Get French Football News (@GFFN) May 12, 2019
Манчестер Сити е новиот (стар) шампион на Премеир лигата. Во последното коло од тековната сезона, момците на Пеп Гвардиола дојдоа до потребната победа н агостувањето кај Брајтон од 4:1 и со тоа не дозволија Ливерпул да дојде до првата титула во англиската екипа по пауза од 29 години. „Црвените“ славеа на средбата со Вулверхемптон со 2:0, но останаа еден бод за „граѓаните“ кои и оваа година останаа на фудбалскиот трон. Standings provided by Sofascore LiveScore
