Спортски директор на РБ Лајпциг, Ралф Рангник, повторно ги коментираше шпекулациите за иднината на напаѓачот Тимо Вернер. Тој смета дека германскиот репрезентативец ќе мора да се продаде ако продолжи да одбива да го продолжи договорот. „Нашата позиција е таква што ако Вернер не го продолжи договорот, тој треба да си замине. Тимо мора прво да се договори за личните услови со друг клуб, кој е должен потоа да не извести нас. Тоа засега не се случило“, потврди Рангник. Договорот на напаѓачот со РБ Лајпциг е до летото 2020-та година.
Author: saso
Од ПСЖ гарантираа дека иднината на Килијан Мбапе е поврзана со клубот и за следната сезона. Од таму велат дека особено поради 50-годишнината од неговото создавање, а целта е титула во Лигата на шампионите. „ПСЖ и Мбапе имаат строги врски, изградени во последните две години и овие врски ќе продолжат и во текот на следната сезона. И двете страни имаме амбиција да оставиме трага на европската сцена во јубилејната сезона, означувањето на 50-годишнината од основањето на клубот“, се вели во изваестувањето од францускиот шампион. „Имаме шанса да напишеме историја и секој голем фудбалер во нашиот состав со нетрпение сака да…
Менаџментот на КК Барселона е заинтересиран за потпишување на договор со кошаркарот на европскиот шампион ЦСКА Москва, Кори Хигинс. Сегашниот договор на 29-годишниот Американец со ЦСКА е до крајот на оваа сезона, и засега Русите немаат продолжено соработка со него. Хигинс во сегашната сезона и помогна на ЦСКА да ја освои титулата во Евролигата со настап на 32 натпревари и просек од 14,9 поени по меч.
Еден куп проблеми се натрупаa врз главата на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, во пресрет на последниот натпревар на тимот оваа сезона, финалето на Купот. Каталонците за мечот со Валенсија сигурно ќе бидат без четиворица од нивните главни играчи во средниот ред и нападот. Надвор од комбинација за мечот се Луис Суарез, Филип Кутињо, Усман Дембеле и Артур. Тие се повредени и тешко дека ќе можат да се опорават за дуелот овој викенд. Покрај нив, Нелсон Семедо доби повреда на главата за време на натпреварот со Еибар и е исто така под прашалник за настап на овој меч. Ништо подобар…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој постигна 32 гола оваа сезона, беше избран за најдобар фудбалер во француското првенство, како и за најдобар млад спортист во анкетата спроведена меѓу неговите колеги од прволигашките тимови. 20-годишниот Мбапе постигна два гола во претпоследниот круг од француската Лига 1 и стана првиот француски играч кој има повеќе од 30 погодоци во последните 53 години. За последен ова достигнување беше сопственост на Филип Гонде од Нант, кој нанижа 36 гола во сезоната 1965/1966. Германката Џенифер Марожан која игра за Олимпик Лион во женското првенство очекувано ја доби наградата кај понежниот пол. Тренерот на Лил…
Напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација Килиан Мбапе, призна дека неговата иднина нема да биде францускиот шампион. „Се разбира, имаше некои разочарувања оваа сезона, но тоа е дел од фудбалот. Важно е што повторно сме шампиони. Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на играчите, тренерот, клубот. Ова е важно за мене, бидејќи јас се приближувам кон првата или втората пресвртница во мојата кариера. Открив многу нови работи овде. Чувствувам дека е време да преземам поголема одговорност. Се надевам дека то аќе го направам или во ПСЖ или можеби на друго место. Ако кажам повеќе, тоа ќе биде…
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, по вчерашната победа над Фрозиноне уште еднаш најави дека неговото најавено заминување во Милано се уште не е никаква завршена работа. „Се надевам дека ќе останам во Милано. Во секој случај, ќе ја продолжам мојата кариера онаму каде што сметаат на мене. Правам се што можам за клубот и за навивачите“, изјавил Гатузо. Победничката низа на Милан во италијанскиот шампионат стигна до три дуели. Во последното, 38. коло од италијанското првенство, Милан ќе игра на гости против СПАЛ.
Макс Алегри стана третиот најуспешен тренер во историјата на италијанскиот шампион Јувентус. По последното коло и мечот со Сампдорија, тој дефинитивно го напушта Торино, но во петте години на чело на клубот го донесе Јуве до 11 трофеи. Од нив, 5 титули, 4 купа на Италија и два Супер куп трофеи. Пред него остана само легендите Џовани Трапатони и Марчело Липи. Првиот има 14 трофеи за шест години, вториот 13 за пет сезони. И двајцата го донесоа Јуве до титула во КЕШ / ЛШ, нешто што не му успеа на Алегри.
Кошаркарите на Торонто Репторс победија во третиот меч од финалната серија на Истокот во НБА плеј-офот и намалија на 2:1 во дуелите со Милвоки Бакс. Синоќа пред своите гледачи, Канаѓаните дојдоа до победа од 118:112 и со тоа намалија во серијата која Милвоки ја почна со две победи дома. Јунак на Репторс беше Кавај Ленард, кој во финишот на второто продолжение ја презеде одговорноста на себе и го одведе својот тим до победа. Ленард, кој од првата четвртина играше со повреда на ногата, на крајот заврши со 36 поени, 9 скока и 5 асистенции. Одлично го следеше Сиакам со 25…
Кошаркарите на ЦСКА (М) се новите европски шампиони откако синоќа на Ф4 турнирот во Виторија, Шпанија, славеа во финалето над Анадолу Ефес со 91:83 и успеаја по две години пауза да с евратат на европскиот трон. Фантастичниот Вил Клајбурн кој беше носител на играта на московјани и во полуфиналето и во финалето, ја доби наградата за најкорисен кошаркар на Ф4 турниот од Евролигата. Еден од најдобрите во составот на московјани во финалето, но и во полуфиналниот меч со Реал (М), сосема заслужено го доби ова ласкаво признание.
