Ливерпул нема намера да конкурира за потписот на крилниот фудбалер на Лион, Мемфис Депај, иако сериозно се шпекулира за негов трансфер во клубот, Холанѓанецот може да си замине од Франција, но Ливерпул не е едно од местата каде би можел да продолжи. 25-годишниот фудбалер е екс-играч на Манчестер Јунајтед каде не успеа да се снајде, па мораше да бара нова средина. Ова лето по добрите негови игри во Франција може да се очекува нова преселба.
Author: saso
Манчестер Јунајтед е во листата на заинтересирани тимови за големата ѕвезда на Бетис, Џовани Ло Селсо. Аргентинецот кој настапи за „гаучосите“ и на минатогодишното СП во Русија имаше извонредна сезона во која на 32 меча постигна 9 гола. Меѓутоа, проблемот е што „Црвените Ѓаволи“ ќе мора да платат многу висока цена за играчот од средниот ред за да може да го доведат на „Олд Трафорд“. ПСЖ се уште има 20% од сопственоста на Ло Селсо, а сумата која Бетис ја бара за него е 100 милион евра.
Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, изјави дека Ернесто Валверде ќе остане тренер на тимот и наредната сезона. Валверде ги донесе каталонците до титулата во шпанскиот шампионат, но испадна во полуфиналето во Лигата на Шампионите од Ливерпул и синоќа не успеа да го освои шпанскиот куп. „Валверде има договор и тој е нашиот тренер. Овој пораз не е негова грешка. Имавме многу шанси, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот на противникот. Тоа се случува понекогаш, но во фудбалот се бројат головите. Не би ја оценил оваа сезона како неуспех, но сигурно не е и одличена“, изјавил Бартомеу.
Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Тиери Анри, може да стане нов тренер на шпански Бетис. “Зелено-белите” бараат нов тренер, па раководството веќе почнало разговори со Французинот. Управата на клубот исто така го посакува и менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, но тој во оваа фаза го одбил предлогот, бидејќи води преговори за продолжување на договорот со Англичаните, а има и други понуди. Ако Бетинез откаже, тоа е знак за Бетис да започне преговори со 41-годишниот Анри.
Кошаркарите на Торонто Репторс ќе играат во финалето на НБА лигата за првпат во историјата, откако во шестиот меч од финалето на Истокот ги совладаа Милвоки со 100:94. По водството на Милвоки со 2-0 во серијата, Торонто нареди четири победи по ред и избори историско финале. Милвоки имаше предност и од 15 поени во финишот на третата четвртина и се чинеше дека ќе го изедначи резултатот, меѓутоа Репторси се вратија на крилата на Каваи Ленард. Ленард го заврши мечот со 27 поени, 17 скокови и седум асистенции, Паскал Сиакам имаше 18 поени. На другата страна Јанис Адетокумпо беше најефикасен со…
Во моментов Матеј Николов е член на ФК Вардар Скопје во генерацијата 2001, а веќе е цел на повеќе балкански клубови. Нашата фудбалска надеж, роден во Штип на 26-ти јануари 2001 година и со својот талент на позиција лев бек и одлични технички и физички предиспозиции е најдобар фудбалер во генерацијата 2001-ва. Во неговиот талент и одлична “лева нога” се увери и екипата на ФК Работнички Скопје, кога Николов од негова позиција вешто ја одзема топката од спротивниот играч, па крај двајца – тројца играчи, со спринт претрча цели 80 метри и беше стрелец на голот за победа на Вардар…
Македонската ракометна гордост, Вардар, денеска во својот фан-шоп го промовираше новиот дрес со кој тимот ќе настапува на Ф4 турнирот во Келн на 1 и 2 јуни. „Вардарци“ добија нов дрес од производителот Хумел со кој се надеваме ќе ни донесат нови радости во битката за веропскиот врв.
Иако избори право на настап во европските купови, Вардар иднава сезона ќе го нема на европската карта. Лиценцната комисија при Фудбалската федерација на Македонија не му додели евро-лиценца на нашиот најтрофеен клуб поради неисполнување на низа финансиски обврски кои клубот ги имаше во изминатиов период. Од ФФМ потврдија дека за УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 лиценци добија: Академија Пандев АД – Струмица Беласица АД – Струмица Македонија ЃП 1932 АД – Скопје Работнички АД – Скопје Ренова АД – Скопје Силекс АД – Кратово Шкендија АД – Тетово Шкупи 1927 АД – Скопје
Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, на денешната прес-конференција го соопшти списокот на фудбалери за натпреварите од квалификациите за ЕУРО 2020 кои ги играме на 7. и 10. јуни против Полска и Австрија. За двата меча против фаворитите во нашата група во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“, нашиот предводник ќе смета на следните фудбалери:
Берк Бугариќ и Калин Ивановски беа најдобро пласираните македонски тенисери меѓу стотината светски јуниори, кои настапија на ИТФ турнирот минатата недела во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром. Тие го освоија второто место во категоријата двојки во машка конкуренција во финалето со Ондреј Хорак и Каро Томански. Третиот по ред турнир за јуниори до 18 години се одржа во машка и женска категорија, а се играше на четири терени на земјена подлога. Домаќин на турнирот е тенискиот клуб „Тенис парк“ ‒ Скопје кој уште еднаш го потврди својот водечки статус во македонскиот тенис и покрај лошите временски услови. Инаку,…
