Иако избори право на настап во европските купови, Вардар иднава сезона ќе го нема на европската карта. Лиценцната комисија при Фудбалската федерација на Македонија не му додели евро-лиценца на нашиот најтрофеен клуб поради неисполнување на низа финансиски обврски кои клубот ги имаше во изминатиов период.
Од ФФМ потврдија дека за УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 лиценци добија:
Академија Пандев АД – Струмица
Беласица АД – Струмица
Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
Работнички АД – Скопје
Ренова АД – Скопје
Силекс АД – Кратово
Шкендија АД – Тетово
Шкупи 1927 АД – Скопје
