Author: saso

Ракометарите на Вардар подготвени го очекуваат финалниот меч со екипат на Веспрем во Лигата на шампионите. Во пресрет на мечот, тие со еуфорија беа пречекани во „Ланксес“ арената каде против унгарскиот шампион ќе се борат за нов европски наслов.

Read More

Ракометарите на Барселона се вратија по синоќешниот пораз од Вардар и го освоија 3. Место на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите кој денеска завршува во Келн. Во малото финале, Каталонците славеа над послкиот шампион Киелце со 40:35 (20:16) и со тоа успеаја да ја освојат утешната награда. Киелце беше рамноправен противник само во првите неколку минути од средбата, а потоа Барселона направи разлика од неколку гола која успешно ја контролираше до крајот на средбата. Дика Мем со 8 гола и Јуре Доленец со 7 погодоци ја предводеа Барселона до победата. Celebrations on court for @FCBhandbol after securing an emotional…

Read More

WATCH the closing moments of that extraordinary match as @HCVardar delighted their fans to seize a place in the VELUX EHF FINAL4 Final by beating @FCBhandbol #veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/ar6ui8pYeC — EHF Champions League (@ehfcl) June 1, 2019 SCENES at the LANXESS arena 👀@HCVardar #veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/i3ejbjFe5u — EHF Champions League (@ehfcl) June 1, 2019 From seven down at half-time to LEVEL at 26:26, the @HCVardar fans are going wild at the LANXESS arena. 🔥🔥🔥#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/BocpZCZ8Iq — EHF Champions League (@ehfcl) June 1, 2019

Read More

Вардар е во финале! Во неверојатен меч, македонските херои во меч со две сосема различни полувремиња успеаја да се изборат за место во големото финале на Ф4 во Келн. Барселона водеше со 7 гола разлика на полувреме (16:9), но на Парондо и момците им требаа само 30 минути за да му приредат уште еден шок на каталонскиот гигант. Од првата минута во вториот дел, па се до крајот, константно ја топеа разликата и на крајот Вардар не само што успеа да ги стопи оние минус 7 од полувремето, туку и да направи разлика за конечни 29:27. Херојската игра е најава…

Read More

Ракометарите на Веспрем се првите финалисти на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. Тие во првото полуфинале славеа над екипата на Киелце со 33-30 и обезбедија место во завршниот меч за титулата. Манасков денеска не доби шанса да се појави на полуфиналето во составот на Веспрем, но затоа може да биде големо изненадување за утрешниот дуел. Интересно е што Унгарците на мечот славеа практично без првиот голман Арпад Штербик кој се повреди уште во првиот дел и не можеше да го доигра мечот. Петар Ненадиќ со 12 гола беше носител на победата на Веспрем, додека Алекс Дујшебаев со…

Read More

Германскиот ракометен бунделсигаш, Фухсе Берлин, на својата официјална страна денеска го потврди трансферот на Дејан Милосављев. Актуелниот голман на нашиот шампион Вардар веќе се договори со германскиот тим и од следната сезона ќе застане на голот на тимот кој оваа сезона на коло пред крајот се наоѓа на 6. место на табелата. 23-годишниот српски интернационалец потпишал договор со Фухсе до 2024 година.

Read More

Лучијано Спалети повеќе не е тренер на тимот. Веста денеска ја потврдија од Интер, откако и беше најавено дека тој ќе го напуштил клубот за да ослободи место за доаѓањето од Конте. „Интер може да потврди дека Лучијано Спалети повеќе не е главен тренер на првиот тим. Клубот сака да му се заблагодари на Спалети за неговата работа и резултатите“, се вели во клупското соопштение. За кусо време треба да биде објавено доаѓањето на Конте кој ќе потпише 3-годишен договор со „нероаѕурите“.

Read More

Македонското девојче Ева Соколовска повторно се закити со злато. Таа пред неколку дена на републичкиот натпревар во Германија, каде што живее со семејството,  го освои првото место во ритмичка гимнастика. Ова на Ева е 11то по ред прво место од вкупно  11 натпревари кои ги имала за своите девет години.  Овој турнир е  најголемиот  каде таа победата ја освои без конкуренција,  со три поени повеќе од второ пласираната натпреварувачка. Ева настапи четири кореографии-  чуневи, хулахоп , соло  и топка,  и во сите четири кореографии го постигна  најдобриот резултат. -Ева се натпреварува во нај силната класа, тоа значи дека директно да…

Read More

ЦСКА Москва и тренерот Димитрис Итудис, ќе ја продолжат соработката и во наредните три години. Руските весници денеска соопштија дека двете страни успешно ги завршиле преговорите околу новиот договор, така што само останува формалниот чин на потпишување на новата соработка. Итудис ја предводи ЦСКА од 2014 година. За пет години, 48-годишниот грчки стратег освои четири шампионски титули во ВТА ​​Лигата и два пати ја освои Евролигата.

Read More

Искусниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец и да замине во САД. Според информациите, следниот тим на 33-годишен фудбалер може да биде ДЦ Јунајтед. Тоа значи дека доколку се договори со составот од Вашингтон, повторно ќе заигра во ист тим со својот поранешен колега од Јунајтед, напаѓачот Вејн Руни. Јанг на почетокот на својата кариера, ги бранеше боите на Ватфорд и Астон Вила, а од 2011 година игра за Манчестер Јунајтед. Со “црвените ѓаволи”, освои пет трофеи, вклучувајќи ја и титулата во Англија, Купот и Супер Купот на Англија, како и…

Read More