Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Единаесетта победа на Ева во ритмичка гимнастика
    Домашен микс

    Единаесетта победа на Ева во ритмичка гимнастика

    sasoBy saso30/05/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонското девојче Ева Соколовска повторно се закити со злато. Таа пред неколку дена на републичкиот натпревар во Германија, каде што живее со семејството,  го освои првото место во ритмичка гимнастика. Ова на Ева е 11то по ред прво место од вкупно  11 натпревари кои ги имала за своите девет години.  Овој турнир е  најголемиот  каде таа победата ја освои без конкуренција,  со три поени повеќе од второ пласираната натпреварувачка. Ева настапи четири кореографии-  чуневи, хулахоп , соло  и топка,  и во сите четири кореографии го постигна  најдобриот резултат.

    -Ева се натпреварува во нај силната класа, тоа значи дека директно да се пласира за Олимпијада . Таа тренира и за репрезентација, што значи дека два пати месечно оди на контрола за проверка на капацитет, кондиција и се што е потребно за активен спортист кого го подготвуваат за Олимпијада. И претстојат уште  два турнири за летен пехар и  уште еден  пријателски натпревар во Холандија. Освен тоа  настапи хуманитарно за денот на детето во Турција, велат нејзините.

    Дека на Ева и претстои светла иднина во ритмичка гимнастика покажува и фактот дека со неа тренираат троица  тренерки,кои во својата кариера постигнале светски резултати. Една од нив е и најдобрата  од Венецуела, што била во топ пет во светот по ритмичка гимнастика.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.