ЦСКА Москва и тренерот Димитрис Итудис, ќе ја продолжат соработката и во наредните три години. Руските весници денеска соопштија дека двете страни успешно ги завршиле преговорите околу новиот договор, така што само останува формалниот чин на потпишување на новата соработка.
Итудис ја предводи ЦСКА од 2014 година. За пет години, 48-годишниот грчки стратег освои четири шампионски титули во ВТА Лигата и два пати ја освои Евролигата.